Дома Останати Ракомет Вардар не запира, пред потпис е со уште еден српски ракометар!

Вардар не запира, пред потпис е со уште еден српски ракометар!

Ракометарот на Динамо Панчево, Марко Тасиќ е пред трансфер во Вардар, дознава Mozzart Spor

Вардар во последно време прави вистинска српска колонија во своите редови. Урош Мировиќ ја игра својата најдобра сезона во дресот црвено-црните, додека уште еден српски репрезентативец, Вукашин Воркапиќ, се покажа како одлично засилување..

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Летово од францускиот Шарт пристигнува голманот Милан Бомаштат, кој е повремен репрезентативец на Србија, а следната сезона е можност и Марко Тасиќ, репрезентативец на Европското првенство во Хернинг, да се облече во дресот под водство на хрватскиот стратег Иван Чупиќ.

Според информациите на Mozzart Sport, овој вешт дефанзивец е блиску до тренинг кампот на Вардар. Со играчот договорот е постигнат, но останува да се решат деталите околу обештетувањето, бидејќи Тасиќ има договор со сегашниот клуб до јуни 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија може да биде домаќин на ЕП во ракомет – поднесена е заедничка кандидатура со Словенија и Србија!

Македонија, Србија и Словенија влегуваат во заедничка трка за домаќинство на машкото Европ…