Дома Фудбал Артета прави бункер: Арсенал во потрага по нов дефанзивец, овој пат од Бундеслигата

Артета прави бункер: Арсенал во потрага по нов дефанзивец, овој пат од Бундеслигата

Арсенал започна преговори околу ангажирањето на централниот дефанзивец од РБ Лајпциг, Кастел Лукеба.

Французинот, по три сезони во германскиот клуб, планира да си замине на крајот од тековната сезона, пренесува угледниот списание L’Equipe.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според информациите, „Биковите“ очекуваат да остварат помеѓу 60 и 70 милиони евра од трансферот на 23-годишниот фудбалер. Скаути на Арсенал го следеле Лукеба за време на натпреварот во Бундеслигата против Борусија Дортмунд минатиот месец. Се претпоставува дека дефанзивецот сака да продолжи кариерата во англиската Премиер лига или шпанската Ла Лига.

Лукеба оваа сезона веќе одигра 23 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и забележувајќи асистенција. Неговиот актуелен договор со клубот важи до летото 2029 година. Според Transfermarkt, неговата пазарна вредност се проценува на 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид објави детали за ситуацијата на Мбапе, повредата не е наивна!

Реал Мадрид денеска објави официјален медицински извештај за францускиот напаѓач Килијан М…