Дома Останати Тенис Импресивниот Алкараз обезбеди полуфинале на Индијан Велс, Шпанецот ги стигна Ѓоковиќ и Надал

Импресивниот Алкараз обезбеди полуфинале на Индијан Велс, Шпанецот ги стигна Ѓоковиќ и Надал

Најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во петтото последователно полуфинале на мастерсот во Индијан Велс, откако ноќеска за час и пол го победи Камерон Нори со резултат 2:0 (6:3, 6:4) и на тој начин постигна голем успех во Калифорнија.

Иако минатата сезона беше елиминиран во полуфиналето од идниот освојувач Џек Дрејпер, најдобриот тенисер во светот оваа доцна зима пристигна во Калифорнија стремејќи се кон големите достигнувања на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Дуото тенисери до ноќеска беа единствени кои можеа да се пофалат со пет последователни полуфиналиња во Индијан Велс, а од сега со тоа може да се пофали и Алкараз.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против Данил Медведев, а другиот полуфинален пар го сочинуваат Александар Зверев и Јаник Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ одлучи накратко да почувствува како е да се шета по улиците на Њујорк без да…