Лука Модриќ конечно го кажа она што го смета поголемиот дел од фудбалскиот свет – Роналдо и Меси не испаднаа фер.
Модриќ ја освои „Златната топка“ на почетокот на декември, но ниту Роналдо, ниту Меси не се појавија на свеченоста на доделувањето на наградите. Секако, затоа што знаеа дека нема тие да бидат добитниците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Модриќ отворено кажа што мисли.
„Испаѓа дека тие избори и трофеи имаат важност и вредност само кога ќе ги освојат. Не е фер, ниту кон играчите, ниту кон гласачите кои ги прогласуваа за најдобри, а ниту кон фудбалот и навивачите“.
„Роналдо и Меси се два феномени, доминираат во последните десет години и по квалитетот се над сите. Но, тука зборуваме за учинокот во оваа година. Веројатно нешто значи кога исти се резултатите кај селекторите, тренерите, играчите и навивачите. Или пак сите се во некоја заблуда. Ако гласаме според квалитетот, тогаш треба да се укинат сите избори и трофеите да им се поделат на нив двајца додека активно играат фудбал“, изјави Модриќ.