Дома Фудбал Останато „Ми кажуваа дека Халанд прави по 1000 стомачни и 300 склекови дневно, тој е модерниот Ибрахимовиќ“

„Ми кажуваа дека Халанд прави по 1000 стомачни и 300 склекови дневно, тој е модерниот Ибрахимовиќ“

Станислас Мачек е селектор на репрезентацијата на Словачка до 18 години и како човек кој работи со млади фудбалери од време на време посетува разни тренинг кампови. Во интервју за „АС“ сега откри анегдота од Салцбург минатото лето.

Тогаш Мачек во живо се запознал со квалитетите на Ерлинг Халанд кој денес го носи дресот на Борусија Дортмунд. Мачек во разговорот откри анегдота која покажува колку Халанд е посветен на она што сака да прави.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Тој е играч кој знае што сака. Ќе ви кажам една анегдота од летово кога бев во Салцбург. Халанд има девојка од Норвешка и таа дојде да го посети. Неколку дена подоцна Халанд самиот и кажа да се врати назад затоа што мора да се посвети само на фудбалот“.

„Многу ја почитува работата, секој со кој зборував во Слацбург ми го кажа истото. Ми кажуваа дека прави 1000 стомачни и 300 склека дневно. Халанд е модерниот Ибрахимовиќ, има слични квалитети, но за него е добро што е повеќе подвижен“, објасни Мачек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал: Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Менаџерот на женскиот тим на Лестер Сити, Вили Кирк (45) доби отказ oткако внатрешната ист…