Tренерот на Болоња Синиша Михајловиќ изјави дека во сагата помеѓу Интер и Мауро Икарди и двете страни имаат вина и дека доколку сакаат можат да пронајдат компромис.
Икарди беше исфрлен од тимот на Интер бидејќи не потпиша нов договор. Аргентинецот бараше плата за која од Интер сметаа дека е превисока, а подоцна беше обвинет дека лажира повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Михајловиќ во медиумите излезе со изјава за неговото гледиште на проблемите.
„Икарди беше капитен и играч кој постигнува голови. Интер има искусни луѓе во клубот како што се Марота, Аусилио и Спалети, клубот секогаш има цел и сето ова би требало да има среќен крај. Икарди е одличен фудбалер и секогаш е добро да го имате во тимот“, изјави Михајловиќ за „Скај Спорт“.
Поранешниот помошник тренер и фудбалер на Интер смета дека решение мора да се пронајде.
„Интер има одличен тим и знае што треба да прави. Можеби добра идеја би било двете страни да направат чекор назад за ситуацијата да биде чиста. Тоа би била вистинска одлука за Интер и Икарди, нешто мора да се промени, иначе нема да биде добро. За мене секогаш вината е подалена, како и во проблемите помеѓу маж и жена и затоа верувам дека ситуацијата може да се реши“, изјави Михајловиќ.
Икарди во целата приказна најмногу го погодило тоа што ја изгубил капитенската лента која сега ја носи голманот Самир Хандановиќ,
Емотивното обраќање на Икарди кое го имаше вчера можете да го прочитата – тука.