Еден од најдобрите возачи во Формула 1 во историјата, Михаел Шумахер повторно ќе оди на операција и овој пат докторите ќе се обидат да го оживеат неговиот нервен систем со помош на матични клетки.
Дека над Шумахер ќе биде извршен нов оперативен зафат потврди и Филип Менаск, славниот доктор кој и во минатото се грижеше за здравјето на поранешниот Ф1 возач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Целта е да се регенерира централниот нервен систем на Михаел“, рече Менаск, кој ќе го предводи докторскиот тим.
Шумахер претрпе тешка повреда на главата на 29 декември 2013 година, на скијање во Франција и од тогаш се наоѓа во кома.