Дома Луд Спорт Митровиќ откри дека ќе ги тепал соиграчите поради Ѓоковиќ, веднаш стигна одговор од Ноле

Митровиќ откри дека ќе ги тепал соиграчите поради Ѓоковиќ, веднаш стигна одговор од Ноле

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ откри интересни анегдоти со своите соиграчите од Фулам.

Митровиќ во разговор со новинарите кажа дека имал непријатни искуства во Фулам, и тоа кога на тениските терени бил Новак Ѓоковиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во Англија сум подготвен да се тепам за Ѓоковиќ. За малку ќе се степав со соиграчите по финалето против Роџер Федерер во 2019 година. Само јас и голманот бевме за Ѓоковиќ, додека останатите навиваа за Федерер. И сега сум подготвен да се тепам со луѓето кои ќе кажат нешто лошо за Ѓоковиќ“, откри Митровиќ.

На ова веднаш реагираше Ѓоковиќ, кој преку социјалните мрежи му се заблагодари.

„Ти благодарам брат“, гласеше пораката на Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…