Ракометната репрезентација на Македонија немаше многу среќа и во баражот за Светското првенство 2025 година доби еден од непосакуваните противници во ждребот.
Нашите ракометари ќе играат против селекцијата на Фарски Острови која беше најпријатното изненадување на овогодинешното Европско првенство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Голманот Никола Митревски е свесен дека ќе играме против квалитетен противник, но сепак очекува ние да влеземе како фаворити.
“Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме.
Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи. Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања”.