Фудбалерите на Удинезе го презедоа врвот во италијанското првенство со победата од 2:3 на гостувањето кај Парма во натпреварот од 4.коло.
По првото полувреме Парма водеше со 2-0, а потоа Лоренцо Лука (50′) со еден и Флоријан Тавин (68′, 77′) со два гола направија голем пресврт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Удинезе на тој начин се искачи на врвот на табелата и сега има 10 бодови. Ова е големо изненадување на почетокот на новата сезона, бидејќи ова е тим кој минатата сезона се бореше да остане во лигата до самиот крај.
Бод помалку има второпласираниот Наполи, а два помалку имаат Интер, Јувентус и Торино. Парма остана на 12. позиција со четири бода.