Дома Фудбал Репрезентации Милина за гледање: Француска шансона на теренот – „петарда“ како на шега (видео)

Милина за гледање: Француска шансона на теренот – „петарда“ како на шега (видео)

Секогаш кога игра францускиот национален тим, тоа е гаранција дека ќе има добар фудбал за око. Тоа се потврди и на последниот дуел со Парагвај, со кој се докажа дека секој противник кој ќе се најде на патот на избраниците од Дидје Дешам со право треба да стравува од моќната машинерија на „Триколорите“.

Французите сместија пет лесни парчиња во мрежата на парагвајскиот голман, а практично речиси и да не се испотија на теренот. Сега некој ќе рече: Добро, да не претеруваме, сепак, тоа е Парагвај. А ние велиме: Да, тоа е Парагвај кој пред само неколку месеци ја „толчеше“ Аргентина на гости и Чиле пред своите навивачи, Парагвај кој заедно со Бразил и Уругвај е во врвот на јужноамериканскиот фудбал.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


А дополнително треба да се додаде дека поради големите комбинаторики и експерименти на Дешам, синоќа на клупата останаа сензацијата Килијан Мбапе, Н’Голо Канте, Лакацете и други. Да не споменуваме дека од разноразни причини покана во репрезентативниот дрес не добија Коман, Жињак, Марсијал, Бакајоко и други.

Французите стартуваа со Љорис, Сидибе, Умтити, Кошчелни, Менди, Матуиди, Погба, Дембеле, Паје, Гризман и Жиру. Овој последниот уште во 6-та и 13-та минута им даде до знаење на Парагвајците дека ги очекува дебакл со головите кои ја разорија гостинската одбрана, а во 69-та минута веќе комплетираше хет-трк.

Точка на убедливиот триумф и „петарда“ за Французите донесоа двата гола во две минути на Сисоко и Гризман. А за тоа колку беа „Триколорите“ доминантни на теренот говори фактот дека буквално сите пет гола беа постигнати од просторот од пет метри пред голот на Парагвај. „Тика-така“ до болка, директно, без ниту еден контакт вишок. Милина за гледање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лапорта завршил во болница по натпреварот на Барселона

Барселона со вчерашната победа од 3:0 против Рајо Ваљекано го обезбеди второто место на кр…