Македонија ја победи Ерменија со 2:0 (0:0) и ги задржа шансите за освојување на првото место во Групата 4, во Ц дивизијата од Лигата на нации. Македонија, до победата дојде во второто полувреме, кое го играше со фудбалер помалку, со головите на Барди и Миовски.
Фудбалската репрезентација на Македонија ја прекина лошата низа и по 11 месеци успеа да забележи победа. Интересно, пред неполна година, Македонија ја победи Ерменија во пријателски натпревар во Струмица, а против истиот ривал ја прекина серијата од седум натпревари без победа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Избраниците на Благоја Милевски беа подобри на теренот, не и дозволија на Ерменија ниту еднаш сериозно да се закани по голот на Димитриевски и на крајот заслужено го запишаа привиот триумф во новата сезона во Лигата на нации.
Селекторот Милевски беше задоволен од прикажаното на натпреварот.
„Им честитам на фудбалерите кои уште еднаш покажаа дека со право се тука, секоја чест за нив и капа доле. Веќе кажав претходно дека овие момци секогаш кога биле под притисок ја исполнувале задачата, па биле и над тоа.
Не очекуваат во групата шест натпревари, не значи дека ако не победиме во првиот нема да бидеме први, но исто така оваа победа не ни гарантира дека ќе бидеме на првото место. Премногу е рано да се зборува, пред нас е долг пат кој треба да го поминеме“, изјави Милевски.