Дома Македонски спорт Милевски: Македонија мора да биде дисциплинирана, се надевам дека Адеми ќе биде со нас

Милевски: Македонија мора да биде дисциплинирана, се надевам дека Адеми ќе биде со нас

Maкедонската фудбалска репрезентација утре го игра натпреварот против Италија во рамки од квалификациите за Европското првенство, а денес селекторот Благоја Милевски ја одржа официјалната прес-конференција.

Селекторот Милевски порача дека не чувствува резултатски притисок бидејќи ни гостува една моќна селекција која секако ќе ја има фаворитската улога.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога играте со противник како што е Италија, не чувствуваме резултатски притисок, но како и во секој друг натпревар имаме голема желба за победа. Не се согласувам дека не игравме добро во претходните два натпревари, со Украина имавме одлини 60 минути. Италија доаѓа со нов селектор, кој покажа што може и секако дека ќе биде еден голем предизвик. Се надевам на добра игра од наша страна. Македонија утре треба да биде тактички дисциплинирана и тркачки спремни, мораме да бидеме и тимски спремни, како и што секогаш во минатото сме биле. Ова се истите момци секогаш се на располагање и да се стават во функција на тимот.

Аријан Адеми е неизвесен за настап поради неговиот трансфер во Динамо Загреб кој се искомплицира и засега не е сигурно дека ќе успее се да заврши на време.

„Ситуацијата со Аријан се уште не е решена, се надевам дека ќе се одлучи онака како што посакува.

Велковски поради болка во мускулот е неизвесен за натпреварот.

„Дарко почувствува болки во ногата на претходниот тренинг и неизвесен е дали ќе биде во комбинација за утрешниот натпревар. Трајковски изгледа мотивирано и спремно за натпреварот. Сигурно дека имаат многу да понудат на овој тим, како и што во минатото се вложувале максимално“

Натпреварот се игра утре од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…