Денеска во 11.00 часот во „Куќа на фудбалот”, прес-конференција ќе одржи селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски по повод првите два натпревари од новото издание во Лигата на нации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во групата 4 од Лигата Ц ривали на нашите најдобри фудбалери ќе бидат Ерменија, Фарски Острови и Летонија.
Првиот меч нашата А селекција ќе го има на 7 септември на гостински терени против Фарски Острови, а три дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје со почеток од 20.45 часот ќе ја пречека Ерменија.