Боби Милевски е новиот селектор на Македонија, а од тој момент во македонската спортска јавност започна да се шпекулира за можно враќање на Адис Јаховиќ во репрезентацијата.
И можност за такво нешто дефинитивно има! Ќе потенцираме дека има, но дека се уште ништо не се знае.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Денес го контактиравме Јаховиќ кој ни потврди дека имал средба со Милевски во Турција.
„Селекторот дојде во Турција, се сретнавме, разменивме мислења…Од моја страна желба има и сум спремен да играм за репрезентацијата, истото го кажав и на селекторот. Сега, дали ќе бидам на списокот во сетпември, не можам да гарантирам. Селекторот е тој што треба да одлучи. Како што кажав, спремен сум доколку сум потребен. Тоа е сега засега“, ни изјави Јаховиќ.