Дома Трансфер зона Милан тргнува по Шпанецот од Манчестер Јунајтед

Милан тргнува по Шпанецот од Манчестер Јунајтед

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера.

Договорот на шпанскиот репрезентативец со Манчестер Јунајтед истекува во 2019 година, но „црвените ѓаволи“ немаат намера да му понудат продолжување на истиот, па најверојатно Ерера ќе ја промени средината следното лето.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Милан сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер.

„Калчомеркато“ тврди дека „росонерите“ интензивно работат на овој трансфер бидејќи сакаат да ја победат конкуренцијата.

28-годишнот играч за врска е спремен да ја промени средината, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…