Дома Трансфер зона Милан пратил скаути за „новиот Модриќ“

Милан пратил скаути за „новиот Модриќ“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан испратил скаути на „Максимир“ за мечот Динамо Загреб – Феенорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан во последно време купува талентирани млади играчи, а нова цел на „росонерите“ е Ловро Мајер кого го нарекуваат „новиот Лука Модриќ“.

Скаути на неколку европски гиганти го гледале синоќа настапот на Мајер против Феенорд, кој одигра добар меч и беше високо оценет.

„Станува збор за еден од најголемите хрватски таленто, со исклучителна техника и еднакво добро игра во двете насоки. Го следат неколку европски гиганти, а тој има договор со Динамо до 2023 година. Според начинот на игра го доби епитетот новиот Лука Модриќ“, пишува „Калчомеркато“.

Динамо Загреб е познат како „расадник“ на таленти, а за слободата на Мајер бара 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…