Дома Трансфер зона Милан повторно пазари од Јувентус

Милан повторно пазари од Јувентус

Даниеле Ругани не е задоволен од својот статус во Јувентус и ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а според најновите информации ќе остане во Серија А.

Дури и пред доаѓањето на Де Лихт, Ругани немаше преголема минутажа, но сега буквално нема после доаѓањето на Холанѓанецот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој уште во јануари се очекува да ја промени средината, кога за него интерес покажуваа клубови од Премиер лигата.

Меѓутоа, Ругани сака да остане во Италија, па таквата ситуација се очекува да ја искористи Милан, кој е силно зиантересиран за Италијанецот.

„Росонерите“ се во потрага по дефанзивец и веруваат дека Ругани ќе биде идеален партнер за Ромањоли.

Изминатите две години Милан од Јувентус ги донесе најпрво Бонучи, потоа Калдара, па Ругани може да биде третиот дефанзивец кој Торино ќе го замени со Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…