„Росонерите“ спремаат нова понуда, би можеле да го вклучат и својот играч.
Не е тајна дека Милан е заинтересиран во своите редови да го види српскиот фудбалер, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно минатото лето нуделе 80 милиони евра за неговите услуги, но Лацио ја одби таа понуда.
Нова на адреса на клубот „Олимпико“ би можела да пристигне наредното лето, а впечатк е дека „росонерите“ овој пат би можеле да да имаат „кец во ракавот“.
Имено, „Небесносините“ се заинтересирани во своите редови да го видат напаѓачот на екипата од „Сан Сиро“, Патрик Кутроне.
Младиот Италијанец падна во втор кај тренерот Гатузо од кога во клубот пристигна Криштоф Пјонтек.
Полскиот напаѓач игра одлично и се почесто се пишува дека Кутроне би можел да ја промени средината, а Лацио наводно е заинтересиран да го види во своите редови.
Токму Милан би можел тоа да го искористи и покрај пари на Лацио да му го понуди италијанскиот напаѓач во замена за српскиот репрезентативец. Популарниот „СМС“ оваа сезона не е на нивото од претходната, но јасно е дека поседува огромен потенцијал.
Милан пак е на добар пат да се врати во Лигата на шампионите дококу тоа го оствари јасно е дека Леонардо и Малдини на лето ќе се обидат да го засилат тимот.
https://www.youtube.com/watch?v=mijiQmLMjBI&t=1s