Дома Фудбал Италија Милан му поставил ултиматум на Гатузо

Милан му поставил ултиматум на Гатузо

Mногумина се изненадени што Џенаро Гатузо се уште е тренер на Милан бидејќи на клубот од „Сан Сиро“ баш и не му оди добро оваа сезона.

„Росонерите“ се простија од Лигата на Европа и сега ќе се обидат да ја спасат сезоната во Серија А. Јавноста е изненадена што Гатузо се уште не добил отказ, но ако им веруваме на медиумите на Островот тој е веќе спремен.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


На „Чизмата“ се убедени дека Милан нема да има трпение со Гатузо. Милан не знае за победа веќе неколку недели, а пред Гатузо е поставен ултиматум доколку сака да го спаси своето место.

Имено, Гатузо има ултиматум Милан во наредните три натпревари да ја поправи играта и резултатите до крајот на декември кога ќе се разговара за неговата судбина. Милан прво игра со Фиорентина, а потоа следат натпреварите против Фросиноне и СПАЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го зема англиското „чудо од дете“ пред носот на Германците

Барселона продолжува со политиката на доведување на најголемите млади таленти во европскио…