Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо ова лето ќе го напушти „кралскиот“ клуб, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Серија А.
За неговиот потпис се борат Милан и Наполи, кои веќе стапиле во контакт со агентот на Шпанецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Начо е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“, а Милан и Реал Мадрид имаат одлични односи што се покажа за трансферите на Тео Хернандес и Брахим Дијаз.
Двата клуба би можеле да го договорат трансферот на едногодишна позајмица со право на откуп за 15 милиони евра.
Ситуацијата ја следи и Наполи, кој смета дека Шпанецот би бил идеална замена за Кулибали, кој најверојатно ќе биде продаден до крајот на преодниот рок.