Милан после неколку години се врати во Лигата на шампиони и е актовен на трансфер пазарот.
После заминувањето на Чалханоглу и тоа во градскиот ривал Интер, „росонерите“ веднаш тргнаа во потрага по негова замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба е ѕвездата на Барселона, Филипе Кутињо, кој е на излезна врата од „Камп Ноу“.
Барселона сака да го продаде за да се ослободи од неговата висока плата и да спаси дел од големите бонуси кои треба да му ги плати на Ливерпул.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација и веќе започнал преговори со Каталонците, а првата понуда е едногодишна позајмица со право на откуп.