Дома Фудбал Италија Милан го прави Рафаел Леао најплатен фудбалер

Милан го прави Рафаел Леао најплатен фудбалер

Милан започна преговори со агентот на Рафаел Леао за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Леоа го привлече вниманието на многу европски гиганти, па Милан сака брзо да реагира и веќе започна преговори за нов договор.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил четири пати поголема плата и откупна клаузула од 200 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и дека Милан му понудил 6,5 милиони евра по сезона до 2027 година, со што Леао ќе стане најплатен фудбалер меѓу „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бројките велат, Нејмар е и тоа како важен за Бразил!

По подолго време, Нејмар се врати на теренот играјќи за бразилската репрезентација и ведна…