Милан започна преговори со Рафаел Леао за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.
23-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Леоа го привлече вниманието на многу европски гиганти, па Милан сака брзо да реагира и веќе започна преговори за нов договор.
Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил тројно зголемување на платата и откупна клаузула од 200 милиони евра.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите ќе се интензивираат следниот месец и дека Леао ќе стави потпис на договор до 2027 година.
📰 #ACMilan and Rafael #Leao working towards a contract renewal with an updated release clause 💰https://t.co/1T4r1ed1J0
— MilanReports (@MilanReportscom) June 26, 2022