Дома Фудбал Италија Милан ги „блиндира“ младите ѕвезди со нови договори

Милан ги „блиндира“ младите ѕвезди со нови договори

Милан игра одлична сезона и е на чекор до освојување на Скудетото, иако малкумина веруваа во младиот состав на „росонерите“.

Милан го има најмладиот тим во Серија А, а оваа сезона игра фантастично и во недела против Сасуоло потребен му е еден бод за да ја освои шампионската титула.

Посебно со своите настапуи оваа сезона импресионираа Сандро Тонали, Пјер Калулу и Рафаел Леао.

Тројцата иако имаат долги договори со Милан, сепак „росонерите“ започнале преговори и ќе ги напградат со нови договори и значително зголемување на платата.

Медиумите пренесуваат дека тројцата ќе добијат тројно зголемување на платата и договори до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хетафе тргна по Санчо, но зделката нема да оди лесно

Хетафе испратил официјална понуда за Џејдон Санчо, но англиските медиуми најавуваат дека е…