Дома Трансфер зона Миланско дерби за Шпанецот од Челзи

Миланско дерби за Шпанецот од Челзи

Англиските медиуми пренесуваат информација дека Педро Родригез на крајот од сезоната би можел да го напушти Челзи.

Овој 31-годишен крилен фудбалер на „Стемфорд Бриџ“ пристигна уште во 2015 година, повеќе или помалку е стандарден во тимот на Маурицио Сари, меѓутоа англиските медиуми тврдат дека многу лесно на крајот од сезоната би можел да го напушти Челзи.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Како што пренесуваат, за неговите услуги се интересираат клубови од Италија, особено градските ривали Милан и Интер, кои сакаат да го видат Педро во своите редови.

Ова можеби за Челзи е последна прилика да заработи нешто на транферот, бидејќи договорот на Педро со лондонскиот клуб важи до 2020 година.

Ова не е прв пат Педро да се поврзува со заминување во Италија, уште минатото лето беше на чекор од трансфер во Лацио, но тогаш наместо да си замине во Серија А одлучи да остане на „Стефнорд Бриџ“.

Оваа сезона Педро е во солидна форма, на 26 одиграни натпревари постигна осум гола, а забележа и една аситенција.

Милан и Интер во летниот преоден рок сакаат да се засилат на крилните позиции, па еден од фудбалерите на нивниот список е и екс играчот на Барселона, кој би можел да биде големо засилување, а неговата цена не е премногу висока во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити, Ливерпул и Арсенал се „тепаат“ за Кимих

Џошуа Кимих ќе биде на летната трансфер листа на Баерн Минхен, тврди германски „Ску Спорт“…