Интер и Милан на лето ќе водат голема битка за францускиот репрезентативец и напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам.
Турам беше мета на Интер уште пред две години и беше блиску до трансфер во Милано, но се повреди и трансферот пропадна во последен момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турам оваа сезона игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Турам истакна дека сака да се пресели во клуб кој редовно игра во Лигата на шампиони, па миланските гиганти веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат на лето како слободен агент.
Меѓутоа, ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи интерес за Французинот покажува и Баерн Минхен.