Дома Останати Авто Мото Меѓународна „даунхил“ трка на падините на прилепски Топташ

Меѓународна „даунхил“ трка на падините на прилепски Топташ

В недела, во организација на клубот за екстремни спортови „Skyriders“од Прилеп кај месноста Топташ, во близина на градот ќе се одржи втората „downhill“ трка со велосипеди насловена „Топташ 2017“, соопшти организаторот на денешната прес конференција во просториите на локалната самоуправа.

Според Златко Спиркоски од клубот за ектремни спортови „Skyriders“ на трката се очекува да учествуваат 50-тина натпреварувачи од Македонија, Црна Гора и Бугарија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-„Downhill“ е вид спорт со велосипеди кој кај нас се уште е во развој. Велосипедистите не се искачуваат нагоре по планината, туку само се спуштаат надолу. Патеката е исполнета со екстремни скокови и се вози по тешки терени и секции. Трката по втор пат се организира, годинава како „Цевитана downhill Топташ 2017“, под покровителство на Општина Прилеп и со помош од главниот спонзор „Витаминка“. Трката ќе се одвива од врвот Топташ па се до резервоарот за снабдување со вода во близина на магисталниот пат Прилеп-Битола. Патеката е долга 1,8 км. Натпреварот ќе се одвива во три категории: од 18 години, за јуниори и третата категорија е за велосипеди само со преден амортизер и назад со тврда вилушка. Десетина години овој спорт се развива во Прилеп за да кулминира со овие трки кои ги организиравме за прв пат лани, вели Спиркоски.

Организацијата на оваа трка инаку произлезе како предлог на клубот за екстремни спортови „Skyriders“од Прилеп, на „Денот на идеи“, кој го организира Општина Прилеп.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, Прилеп во изминатиов период посветува големо внимание за развој на екстремните спортови.

– Ги поканувам сите љубители на екстремните спортови да присуствуваат на овој меѓународен натпревар во месноста Топташ, натпреварот в недела ќе трае од 10 до 15 часот. Ова е адреналински спорт и со него продолжуваме како Општина со сезоната за екстремни спортови. Годинешната трка ќе биде и бодувана и ќе добие и официјален државен карактер, вели Ристески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…