Металург иако беше фаворит на денешниот меч, повторно запиша пораз во рамки на Лигата на шампионите и тоа против Чеховски Медведи кој во „Борис Трајковски“ славеше со 26:29.
По пет порази во низа, рускиот состав успеа да слави против Металурзите. Тимот од Автокоманда забележа доста грешки во одбраната, и потешкотии во нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Металург се обиде да игра и со седум играчи, без голман, но ниту тоа не вроди со плод.
Томовски беше одличен на голот,а тоа се чини го спаси нашиот вицепрвак од поголем пораз.
Првото полувреме гостите го добија со пет погодоци предност, односно 12:17. Второто полувремене беше ништо поразлично. Највисоката предност Чеховски Медведи ја имаше во 46. минута кога имаше пет погодоци позитива. На крајот Металург се обиде да се доближи, но епилогот гласеше три гола негатива за тимот од Автокоманда, односно конечни 23:26.
Во таборот на Металург најпрецизен беше Ангелиќ со постигнати пет поени, додека на спротивната страна се издвои Санталов со постигнати седум гола.