Ѕвездата на Барселона и аргентинската репрезентација, Лионел Меси во опширно интервју за емисијата „La cornice“ зборуваше за аргентинската репрезентација и престојното Светско првенство.
Меси призна дека плачел по тешките поразите со националниот тим во серијата финалиња и тврди дека ова е последна шанса за оваа генерација „гаучоси“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Плачев сум многу пати поради загубените финалиња. Причината е што тие значат многу, а јас не успеав да го остварам сонот на мојата татковина. Овие три финалиња беа многу голем удар за нас. За жал ние сме зависни од резултатите. Со оваа генерација во репрезентацијата чувствуваме дека ако не станеме шампиони на светското во Русија, нема да имаме друга можност“, изјави Меси.
„Си замислувам како играм во финалето и го освојувам, како го кревам светскиот Куп. Тоа е сон, кој секогаш сум го имал и тој станува уште поголем пред секое наредно Светско првенство. Се надевам првенството во Русија ќе биде одлично за нас. Мојот сон е ист како вашиот. Сакам да преживееме нешто слично како 2014 година, која беше незаборавна. Но овој пат резултатот да е малку поинаков и ние да го донесеме трофејот во Аргентина“, додаде Меси.