Дома Фудбал Останато Меси јавно се извини на ПСЖ🎥

Меси јавно се извини на ПСЖ🎥

Лионел Меси реши јавно да им се извини на фановите на ПСЖ после турбуленциите и казната која ја доби од клубот.

Аргентинецот без дозвола од ПСЖ отпатува во Саудиска Арабија, па доби двонеделна суспензија од францускиот клуб.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Меси нема да игра на мечевите со Троа и Ајачио, откако беше казнет од клубот, а тој тврди дека отпатувал во Саудиска Арабија  во улога на туристички амбасадор бидејќи мислел дека имаат слободен ден.

„Сакав да го направам ова видео по сите работи кои се случија. Прво, сакам да се извинам на соиграчите и на клубот. Искрено мислев дека ќе имаме слободен ден као и претходно. Го организирав патувањето во Сауиска Арабија, кое претходно го имав откажано. Уште еднаш се извинувам за тоа што го направив. Тука сум за тоа што сака да го направи клубот“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешниот фудбалер на Барселона за првпат откри зошто денеска работи во продавница за спортска опрема

Жереми Матије, некогашниот дефанзивец на Барселона, отворено зборува за тешкиот период низ…