Дома Фудбал Меси пристигна со болки на прегледите – неизвесен за „Ел Класико“

Меси пристигна со болки на прегледите – неизвесен за „Ел Класико“

Капитенот на Барселона, Лео Меси утрово пристигна во тренинг центарот за да му бидат направени детални медицински прегледи.

Медиумите пренесуваат дека Аргентинецот се уште чувствува болки во бутниот мускул, но од клубот се оптимисти дека не станува збор за сериозна повреда.

Меси доби удар во бутниот мускул на мечот против Валенсија, но се уште чувствува болки. Денес ќе му бидат направени дополнителни прегледи, па да му биде дозволено да тренира.

Сепак, неговиот настап против Реал Мадрид во полуфиналето од Купот во среда е неизвесен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер Мајами веќе е во плеј-оф, но Гонзалез бара уште: Не смееме да застанеме

Интер Мајами обезбеди место во плеј-офот по 2:0 против Њујорк Сити, а тренерот Кристијан Г…