Дома Фудбал Останато Меси призна: Ми недостасува Роналдо!

Меси призна: Ми недостасува Роналдо!

Реал Мадрид значително ослабе оваа сезона со продажбата на Кристиано Роналдо, а тоа го искористи Барселона која готово сигурно ќе ја освои титулата во Примера.

Сепак, Меси не изгледа толку среќен што од лигата замина неговиот најголем ривал и јавно призна дека му недостасува Кристиано Роналдо.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Во моментов во светот има многу добри фудбалери. Нејмар, Мбапе, Суарез, Азар...секој од нив може да биде најдобриот во светот. Особено во тој список го вклучувам Кристиано, бидејќи сметам дека двајцата со него сме на исто ниво. Беше забавно да бидеме ривали во иста лига, и покрај тоа што понекогаш тој ме тераше да патам“, истакна Меси.

„Се нервирав кога Реал освојуваше трофеи. Би сакал Роналдо се уште да беше во Шпанија, ми недостасува. Меѓутоа, го почитувам неговиот избор, Јувентус е одличен клуб. Таму има навистина одлични фудбалери и сега се уште посилни со Кристиано“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Олимпијакос ја освои Конференциската лига со гол во 116. минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпијакос дојдоа до пехарот во Конференциската лига, откако на стадионот …