Дома Фудбал Меси одолговлекува со ПСЖ, ја чека Барса

Меси одолговлекува со ПСЖ, ја чека Барса

Лионел Меси ги одолговлекува преговорите со ПСЖ за продолжување на договорот, бидејќи Аргентинецот чека понуда од Барселона, тврди „Мундо Депортиво“.

Меси во 2021 година ја напушти Барселона како слободен агент и се пресели во ПСЖ, но неговиот договор со „светците“ истекува на крајот на сезоната.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


ПСЖ сака да го задржи, но Меси одолговлекува бидејќи чека понуда од Барселона.

„Меси сака да се врати во Барселона. Тој чека понуда од каталонскиот клуб, која се уште не пристигнала. Барса сака да го врати Меси, но засега не може да испрати конкретна понуда поради финансиски проблеми. Раководството на клубот преговара со спонзори и прави се што е во нивна моќ за да обезбеди средства за да го врати Меси“, пишува „Мундо Депортиво“.

Меси ја одби понудата од Саудиска Арабија, бидејќи сака да продолжи да игра во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Топ агент му помага на Милан за играчот на Брајтон

Милан сè повеќе е уверен дека ќе успее да го привлече левиот бек на Брајтон, Первис Еступи…