Како што стојат работите Лионел Меси по две сезони во Париз ќе го напушти Пари Сен Жермен.
Засега најчесто како можни дестинации на Меси се споменуваа Саудиска Арабија и Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна Меси отпатува во Саудиска Арабија, а во јавноста изјави дека тоа е дел од неговите амабасадорски должности. Но, сега медиумите пренесуваат дека Ал Хилал на Меси му нуди дури 600 милиони евра по сезона, тоа трипати повеќе од она што го заработува Роналдо.
Се наведува дека и неговиот татко, Жорге инсистирал на прифаќање на договорот вреден 1.2 милијарда евра од кој тој би ја добил најголемата провизија во историјата на фудбалот.
„Прв избор на Меси е враќање во Барселона, но каталонскиот клуб не може да го доведе поради финансиската ситуација. Неговиот татко веќе ја прифатил понудата од Ал Хилал“, пренесува „Инсајдер“.
Ал Хилал наводно има договор со и со Серхио Бускетс кој заминува од Барселона, а ќе се обиде да го доведе и Жорди Алба. Бускетс и Алба се најдобрите пријатели на Меси и токму со нив најчесто се гледаше по заминувањето од Барселона.