Иднината на Лео Меси е главна тема бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а се уште двете страни се далеку од договор.
Меси ја одби првата понуда на ПСЖ за продолжување на соработката, а сега медиумите ги откриваат условите кои Аргентинецот ги поставил за нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Меси ја почитува понудата на ПСЖ, но поставува два јасни услови за продолжување на договорот. Меси бара плата од 40 милиони евра по сезона и сака гаранција дека секогаш ќе биде во почетниот состав на ПСЖ, без разлика кој ќе биде тренер на клубот. Аргентинецот сака да остане во форма, бидејќи планира следната година да игра на Копа Америка“, пренесуваат француските медиуми.
Аргентинските медиуми исто така откиваат дека Меси преферира да остане во ПСЖ, но бара гаранции од клубот.