Дома Луд Спорт Меси ги изненади сите со локацијата на свадбата!

Меси ги изненади сите со локацијата на свадбата!

Еден од најдобрите фудбалери на светот моментално се наоѓа во родниот Росарио на заслужен одмор после долгата сезона.

Меси во првиот дел од одморот го помина на Ибица, а потоа отпатува во родниот Росарио каде на 30-ти јуни ќе прави свадба со својата свршенива Антонела Рокузо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Свадбата ќе се одржи во луксузниот „Сити центар“ во Росарио, хотелот навистина изгледа спектакуларно, но вниманието на јавноста го привлече еден детал – местото каде што се наоѓа овој хотел.

Имено, хотелот се наоѓа во населба во Росарио која важи за најопасна, барем кога е криминалот во прашање. Во овој дел од градот владее бандата под името „Лос Монос“ која е познато по шверц на дрога.

Исто така во овој квартал се убиени повеќе од 1000 луѓе во изминатите 5 години. Поради тоа многумина останаа изненадени што Меси ја избра токму оваа локација за својата свадба, со оглед на фактот што многу светски ѕвезди ќе присуствуваат на венчањето.

Аргентинецот ангажираше големо обезбедување, а преку 200 полицајци таа ноќ ќе бидат околу хотелот за да спречат било каков инциндент.

„Сите сме изненадени што венчавката ќе се одвива баш тука со оглед на фактот што Меси е еден од најплатените фудбалери на светот. Едноставно не можам да верувам дека го избрале ова место“, изјави 24-годишната Михаела Лане која живее во близина на хотелот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…