Францускиот репрезентативец неодамна постигна два гола за националниот тим, веројатно заслужува поголема минутажа, но во Челзи не игра доволно.
Менаџерот на Жиру, Мануело јасно порача дека Жиру не е среќен поради третманот од страна на Лампард и сериозно ја разгледува можноста за промена на средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од почетокот на септември работите се променија, но она што не се промени е неговата способност да игра натпревари за Франција. Во Челзи купија играчи вредни 150 милиони евра. Но во исто време треба да бидете слепи за да не видите дека Лампард одлучи Абрахам да биде пред Жиру. Искрено, не е чесно кога ќе погледнете што Жиру направи на крајот од сезоната, сепак на крајот тоа е одлука на Лампард“.
„Ако работите вака продолжат нешто ќе мора да се промени. Нема смисла да остане ако не игра, всушност само ако игра редовно може да игра на Европското првенство наредното лето“, изјави менаџерот на Жиру.
Жиру претходно се поврзуваше со трансфер во Италија.