Холандскиот фудбалер, Мемфис Депај ја оживеа својата кариера кога го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша за Лион.
Депај на „Олд Трафорд“ пристигна како големо засилување, но не доби вистинска прилика, бидејќи не имаа премногу трпение со него. Холанѓанецот по тоа одлучи да се пресели во Лион и тоа се покажа како полн погодок за него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа сезона Депај одигра 22 натпревари и постигна шест гола со 12 асистенции и веќе јасно е дека тој е најважен играч на Лион. Меѓутоа, многу тешко е да се очекува дека тој уште долго ќе се задржи во овој клуб и веќе лесно го најавува можното заминување во некој од европските гиганти.
„Лион е голем клуб, но не е меѓу најдобрите пет во Европа. Сакам да одам во голем клуб како што е Барселона, Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Сити, ПСЖ или Баерн. Сакам да играм во град кој ми одговара и клуб кој ќе ми одговара, а тоа е тим кој игра вистински фудбал. Секогаш зборувам дека Реал Мадрид ми е желба, но во моментов размислувам за Лион и ќе видиме што ќе се случи на крајот“, изјави Депај.
Депај летото 2015. година од ПСВ се пресели во Манчестер Јунајтед за 25 милиони фунти, но по три сезони си замина во Лион. Во дресот на Јунајтед одигра 53 натпревари и постигна седум гола.