Дома Фудбал Останато Мбапе и Верати по натпреварот со Јунајтед завршиле на допинг тест

Мбапе и Верати по натпреварот со Јунајтед завршиле на допинг тест

Францускиот шампион ПСЖ направи голем чекор кон пласманот во четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

Парижаните како гости во првиот натпревар во осмина финалето го совладаа Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 0:2 и со една нога веќе се во следната фаза од најелитното натпреварување во Европа. Играчите и управата на ПСЖ беа исклучително среќни по натпреварот, но дома мораа да се вратат еден час подоцна од планираното.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Причината за доцнењето е сосема едноставна. Фудбалерите на ПСЖ по натпреварот беа посетени од Антидопинг контролата и двајца фудбалери беа на тестирани на недозволени супстанци. На крајот биле одбрани Мбапе и Верати. Тие биле задржани во соблекувалната додека не биле објавени тестовите и дури по тоа екипата заминала кон Париз.

Сепак, тешко е да се верува дека чекањето тешко им паднало на играчите на ПСЖ. Тие одиграа одлично во Манчестер и само чудо може да ги исфрли од четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Потсетуваме, головите за ПСЖ синоќа ги постигнаа Кимпембе во 53. минута и Мбапе во 60. минута. Реваншот се игра на 6. март на „Паркот на принцовите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Зв…