Микеле Умезу, поранешната љубовница на двократниот светски шампион, Бразилецот Роналдо и мајка на неговото дете, на 41-годишна возраст oдлучи да отвори профил на платформата за возрасни „Онли Фенс“.,
Легендата на бразилскиот фудбал Роналдо во далечната 2004 година се запозна со Микеле со која имаше романтична врска. Во тоа време, Роналдо беше играч на Реал Мадрид и важеше за еден од најпосакуваните мажи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Таа беше само една од бројните модели со кои Роналдо се забавуваше во тоа време, но го роди неговиот син кој денес има 17 години.
Сега Микеле Умезу ги изненади сите и откри дека отворила профил на „Онли Фенс“ и ги објавува своите разголени фотографии и слични содржини на оваа страница за возрасни.
„Сакам сето ова да го направам во уметничко светло. Веќе знам дека има различни стилови. Сакам да направам многу уметнички разголени фотографии“, изјави Микеле.
Поранешната спортистка која се занимаваше со бодибилдинг наводно е поддржана од семејството во реализацијата на најновата идеја.