Шпанскиот фудбалер Хуан Мата после 10 години ќе ја напушти Премиер лигата и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Серија А.
Договорот на Мата со Манчестер Јунајтед истекува на лето и Шпанецот ќе биде слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гигант Интер, Милан и Јувентус, па веќе стапиле во контакт со неговиот менаџер.
„Не сум изненаден што тие клубови се заинтересирани за него. Тој е многу квалитетен фудбалер“, потврди Солскјер.
Сепак, Манчестер Јунајтед донесе одлука да не му понуди нов договор, па Мата е слободен да преговара со заинтересираните клубови.