Дома Трансфер зона Марсијал пред трансфер во Интер

Марсијал пред трансфер во Интер

Интер е во напредни преговори со  напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа кај Тен Хаг.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари бидејќи не сакаат да го загубат без обештетување на крајот на сезоната.

Најсилен интерес покажува Интер, кој бара нов напаѓач после повредата на Лаутаро Мартинез и слабиот придонес на Алексис Санчез.

„Нероаѕурите“ се во напредни преговори со агентот и ако не успеат да го доведат во јануари, Марсијал ќе пристигне како слободен агент во јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…