Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Французинот ги одби понудите од Марсеј, Фенербахче и клубови од Саудиска Арабија во зимскиот преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот на 28-годишниот напаѓач со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2024 година, а клубот одлучи да не му понуди продолжување на соработката.
Тоа значи дека Марсијал ќе замине како слободен агент, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е милански Интер.
🚨 𝗖𝗢𝗡𝗙𝗜𝗥𝗠𝗘𝗗: Anthony Martial will leave Manchester United this summer. There is no way back for him at the club. It's over.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 14, 2024
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/244cHZ8SSA