Раководството од Марсеј потврди дека има докази против Нејмар, кој наводно го нарекол Јапонецот Хироки Сакаи „кинеско гомно“.
Француското дерби заврши хаотично, а беа доделени и пет црвени картони, но страстите не се смируваат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еден од актерите беше Нејмар, кој го обвини Алваро од Марсеј дека го навредувал расистички, а тоа го потврдија и експерти за читање од усни.
На најскапиот фудбалер во светот сега му се заканува суспензија до 20 натпревари, на веќе добиената казна од три меча поради директен црвен картон.
Наводно, Марсеј има аудио докази дека и Нејмар користел расистички навреди кон Јапонецот Хироки Сакаи, поточно му се обратил со „кинесно гомно“.
Доколку се покрене нова истрага против Нејмар може да добие најмаллку уште 10 меча суспензија за расистички навреди.