Јувентус вчера успеа да ја победи Валенсија на гостински терен со 0:2 и покрај тоа што уште во првото полувреме остана без услугите на Кристиано Роналдо кој заработи црвен картон.
После еден дуел на Роналдо со стоперот Мурлио судијата Феликс Брих на сугестија на својот асистент му додели директен црвен картон и за многумина истиот Португалецот не го заслужи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако Брих му го покажа патот кон соблекувалната, Роналдо беше бесен и разочаран, па дури заврш и во солзи. При излегувањето од теренот, ѕвездата Јувентус имаше и средба со стратегот на Валенсија, Марселињо.
„Навистина не видов што се случи. Но, чесно е да признаам дека дека беше лут и многу повреден кога се доближи до мене. Со солзи ми кажа дека ништо не направил. Ситуацијата беше навистина чудна, како и да не беше убаво да видиме така голем играч во такво издание“, изјави тренерот на шпанскиот клуб.
Ќе потсетиме Јувентус во продолжение со двата гола на Миралем Пјаниќ од пенал стигна до важни три бода на стартот од групната фаза.