Иако минатиот месец се пресели во Марсеј, Марио Балотели откри дека се надева дека својата кариера ќе ја заврши во екипата на Бреша.
Италијанецот во Марсеј пристигна на позајмица до крајот на сезоната и неговата иднина по истекот на позајмицата не е сигурна. Балотели откри дека кариерата би сакал да ја заврши во градот во кој порасна, но се уште не е познато кога би можело да се очекува неговото враќање во Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Италијанскиот фудбал е многу досаден. Во последните неколку месеци не размислував за враќање во Италија, но не можам да сокријам дека кариерата би сакал да ја завршам во Италија“, изјави Балотели.