Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за францускиот дефанзивец, Жан Клер Тобидо, пренесува „Екип“.
23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Манчестер Јунајтед се обиде да го доведе минатото, но не успеа да постигне договор, а сега повторно Тобидо ќе биде трансфер цел број еден.
Ница знае дека нема да може да го задржи и за неговата слобода бара 40 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „црвените ѓаволи“.