Јувентус е во напредни преговори за францускиот дефанзивец, Жан Клер Тобидо, пренесуваат медиумите на Италија.
24-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
24-годишниот Тобидо игра одлично во дресот на Ница и е на мета на многу европски гиганти, а Јувентус ја победил конкуренцијата.
„Старата дама“ постигнала комплетен договор со Французинот, а сега е блиску до договор со Ница.
Јувентус сака да го доведе Тобидо на едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето за 35 милиони евра.