Дома Топ вести Манчестер Јунајтед го претстави засилувањето од 85 милиони евра

Манчестер Јунајтед го претстави засилувањето од 85 милиони евра

Една ипол добра сезона беше доволна Расумс Хојлунд да достигне цена од скоро 90 милиони евра.

На шест дена пред почетокот на сезоната, Манчестер Јунајтед го претстави засилување во нападот од италијанска Аталанта. Хојлунд со гигантот од Манчестер потпиша договор до јуни 2028 година, а Аталанта ќе инкасира 85 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Посебно внимание Хојлунд привлече со настапите за репрезентацијата на Данска за која минатата и оваа година на шест натпревари постигна исто толку гола.

Добрите настапи го препорачаа во екипата од Бергамо која на Штурм му исплати 17 милиони евра, претходно го носеше дресот на Копенхаген.

Хојлунд во тимот на Тен Хаг би требало да го пополни местото во нападот каде што засега нема преголема конкуренција, доколку некој не биде доведен. Со оглед дека има 20 години, ако се прилагоди на фудбалот во Англија Јунајтед можеби добива засилување за долги патеки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, а најново…